Рафиња го налутил Лапорта со изјавата за Олмо (ВИДЕО)

Капитенот на Барселона, Рафиња на последната прес-конференција зборуваше за ситуацијата со Дани Олмо и призна дека работата е комплицирана.

Таквата изјава на Рафиња не му се допаднала на првиот човек на клубот, Жоан Лапорта кој поради тоа имал разговор со Рафиња пред натпреварот од полуфиналето во шпанскиот Суперкуп против Атлетик во Џеда.

Лапорта и Рафиња разговарале подолго од минута, а во некои моменти и го поткренал тонот.

По тренингот, новинарите го прашаа Рафиња дали Лапорта бил лут на него.

„Зошто? Не излажав ништо“, одговорил бразилскиот фудбалер.