Белгиски фудбалер жртва на полициска бруталност во Рим (ВИДЕО)

Белгискиот фудбалер Стефан Омеонга преживеал хорор откако полиција го исфрлила од авион кој требало да лета од Рим за Тел Авив.

Омеонга игра за израелскиот тим Фк Бнеи Сахнин, но поради наводно проблеми со документите се соочил со сериозни проблеми.

Полицијата насилно го исфрлила од авион, а потоа го тепала и го оставила без медицинска помош со часови да чека нов лет.

Фудбалерот се пожали преку социјалните мрежи и објави видео од инцидентот кој се случил во авионот.