Волкановски ги избра најдобрите пет борци во историјата

УФЦ-борецот од Австралија, кој има македонски корени, Александар Волкановски објави листа од пет најдобри борци во историјата на спортот.

Поранешниот шампион на социјалните мрежи разговараше со навивачите и притоа реши да направи листа од топ-5 борци, но интересно е тоа што меѓу нив немаше место за Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Списокот на Волкановски е составен од Деметриус Џонсон, Џон Џонс, Жорж Сен Пјер, Андерсон Силва и Израел Адесања.