Феникс врза две победи: По триумфот над Шкупи го изненади Работнички!
Работнички влезе како благ фаворит во натпреварот, но кошаркарите на Феникс мотивирани од победата над Шкупи во претходното коло одлично парираа на противникот.
Предноста во првата четвртина беше на страната на домашниот тим, а највисоката изнесуваше пет поени, но на краткиот одмор на семафорот стоеше (16-14). Работнички се разбуди во вториот период и започна да игра подобро, па на полувремето обезбеди и двоцифрена предност од (31-41).
Но, таа втора четвртина беше и најдоброто што го видовме од гостинските кошаркари во овој дуел. Феникс тоа го искористи и со подобра игра во третиот и последниот период дојде до победата.
Димтириев беше најефикасен со 17 поени, а го следеше Шепард со 11 поени, Американецот посебно беше расположен во драматичната завршница. На спротивната страна Ефремовски ја заврши средбата со 15 поени, 14 уфрли Полутак.