Кризата си го прави своето: Манчестер сити ја промени долгогодишната пракса за Божиќ
Актуелниот шампион на Англија утре од 13:30 часот на свој терен ќе го пречека за Евертон во популарниот „Боксинг деј“, но фудбалерите на „граѓаните“ нема да можат максимално да уживаат во радостите за Божиќ.
Долгогодишна пракса на клубот е фудбалерите вечерта пред секој натпревар да ја поминат во тренинг центарот, но исклучок е празникот Божиќ.
Сепак, според последните информации кои ги пренесува „Мирор“ на фудбалерите денеска им било дозволено само во првата половина од денот да бидат со своите семејства, а веќе по ручекот тие морале да се појават во тренинг центарот.
„Се надевам дека сакаат да бидат тука затоа што тоа е наша работа“, изјавил Гваардиола.
Ќе потсетиме, Манчестер сити во овој момент заостанува цели 12 бодови зад лидерот на табелата Ливерпул.