Бразилецот Артур Мело пред враќање во Шпанија

Фудбалерот на Јувентус Артур Мело е пред враќање во Шпанија и тоа во редовите на Реал Бетис.

Според информациите на шпанските медиумите, преговорите веќе се во завршна фаза и прашање на време е кога соработката би била официјализирана.

Јувентус прифати позајмица на Бразилецот до крајот на сезоната, но сака да вклучи и обврска за откуп во летниот преоден рок.

Артур ги договори сите услови и спремен е да потпише договор на четири години кога клубовитеќ е се договорот. Во Европа Бразилецот пристигна од Гремио како потенцијално големо засилување, но никогаш не успеа да ги исполни очекувањата.

Летото 2020 во размената со Миралем Пјаниќ кој го облече дресот на Барселона пристигна во Торино меѓутоа и тука не се прослави. Јувентус го испраќаше на позајмици во Фиорентина и Ливерпул, но речиси никаде не играше.

Тијаго Мота од самото доаѓање му стави до знаење дека нема да биде во неговите планови, но не пронајде клуб кој му одговара, а сега како што стојат работите ќе облече дресот на Бетис.