Aморим: Баш ми е гајле за Божиќ!

Екипата на Манчестер јунајтед во овој момент се наоѓа на 13. место во Премиер лигата и од почетокот на сезоната има само шест победи, четири нерешени натпревари и седум порази со што собра 22 бода по 17 кола.

Ситуацијата не успева да ја подобри ниту Рубен Аморим кој пристигна на 11 ноември од Спортинг Лисабон.

Со португалскиот стратег на клупата, Манчестер јунајтед има четири победи, реми и четири порази со гол-разлика 17-17. Во следниот натпревар за два дена „црвените ѓаволи“ ќе играат против Вулвс, а Аморим баш и не го интересираат божиќните празници.

„Не ми е гајле за Божиќ. Фокусиран сум само на тоа дека мораме да победиме на следниот натпревар. Тоа е единствено нешто што не интересира. Ова е одлично за навивачите. Ние сме привилегирани и можеме да играме на „Боксинг деј“ за да донесеме малку среќа на навивачите и затоа уште повеќе сакаме да победиме“, порача Аморим.

Ќе потсетиме, Манчестер јунајтед на последниот натпревар во Премиер лигата вво 17. коло беше поразен од Бормут со 0-3. На последните четири натпревари избраниците на Аморим имаат три порази.