Гвардиола: Потребна ми е екипа со 40-50 фудбалери

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити се соочува со најголемата резултатска криза во неговата тренерска кариера и навистина загрижувап одатокот дека тимот има девет порази на последните 11 натпревари.

Во јавноста Шпанецот продолжува да бара оправдувања во повредите, а во својата последна изјава пред утрешниот натпревар со Евертон порача дека потребна му е екипа која има 45 или 50 фудбалери.

„Имаме навистина многу повреди, не сум бил во ваква ситуација. Размислував за ситуацијата и дојдов до заклучок дека потребна ми е екипа со 45 или 50 фудбалери, се помалку не е доволно. Знам дека е скапо, меѓутоа ако видите колку натпревари играме и на какво ниво јасно е дека тоа е неопходно“, изјави Гвардиола.

Претходно Гвардиола како најголем недостаток ја истакнуваше повредата на Родри за кого ако не се случи некој пресврт актуелната сезона е завршена.