Мбапе полн со самодоверба: Никој нема да жали за мојот потпис

Килијан Мбапе испрати силна порака пред 2025 година.

Иако во текот на есента беше мета на критичарите поради лошата форма, Мбапе си постави високи цели за наредната сезона, а тоа е борба за сите трофеи.

„Никој во Реал Мадрид нема да жали поради мојот потпис. Во 2025 година сакам да ги нападнам сите трофеи, тоа е мојата главна цел“, изјави Мбапе.

Реал Мадрид во Ла Лига ја стигна Барселона, блиску е и до Атлетико, додека во Лигата на шампионите се опорави по трите порази, а на стартот од 2025 година може да го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија.

Французинот во актуелната сезона одигра 24 натпревари, постигна 14 голови и запиша четири асистенции.