Уште еден важен потпис во Вардар: Останува и голманот Еспиња!

По објавата за потписот со Украинецот Хориха денеска Вардар потврди и дека нов договор добива голманот Мигел Еспиња Фереира.

Португалскиот чувар на мрежата кој има 30 години ја продолжи верноста кон „црвно-црните“ за уште две сезони.

Актуелниот договор на Еспиња истекуваше на крајот од актуелната сезона, но во Вардар ја искористија клазулата да ја продолжат соработката за уште најмалку две години. 

„Со искуството што го поседува Еспиња ги потврди квалитетите, и во иднина повторно ќе биде еден од столбовите во клубот.  Вардар продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот, и ќе работат на исполнување на клупските цели“, соопшти Вардар.

Во редовите на Вардар Еспиња пристигна летово и минутажата во Вардар ја дели со Васил Гогов.