Ѕвездата на Челси ја остави сопругата: Кога се запознавме јас го издржував!
Сервантес сега одлучи јавно да зборува за прекинот на врската со аргентинскиот репрезентативец и светски шампион од 2022 година.
„Се беше во ред и одеднаш ми кажа дека повеќе не сака да биде со мене. Има работи кои допрва треба да ги разберам, но тоа е тоа, ја прифатив неговата одлука“, започна Сервантес.
Раскажа и дека на почетокот на нивната врска и финаниски му помагала на Фернандез кој во тоа време не заработувал како денес.
„Кога се запознавме работев во ресторан и студирав право. Тој играше младиот тим на Ривер, потоа стана член на „Б“ тимот. Кога почнавме да живееме заедно ја променив работата и заработував повеќе од него. Јас му го плаќав менаџерот и ја птрошев цела своја плата на него, не можев ништо да заштедам и по девет месеци затруднев, имав 19 години“, раскажа Сервантес.
Фернандез наводно уште тогаш имал друга девојка.
„Тоа што го прави откако се разделивме е негов живот и нема да се мешам. Ќе ја почитувам жената која ќе ја избере се додека е се во ред со моите деца нема проблеми“, истакна Сервантес.
Фернандез во Челси пристигна од Бенфика за 121 милиони евра и досега за „сините“ одигра 83 натпревари, постигна десет голови и запиша 13 асистенции. Во кариерата играше уште за Ривер Плата и Дефенс, а за репрезентацијата на Аргентина на 34 натпревари постигна четири гола.