Бобан Марјановиќ пред заминување од Фенербахче
Српскиот центар во договорот има опција за предвремен раскина, односно пред јануари и таа опција би можела да се активира.
Пред неколку дена турскиот клуб објави дека го продолжил договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната и тоа го доведе во прашање статусот на Марјановиќ.
Фенер сака да доведе и нов кошаркар на центарската позиција каде што покрај Марјановиќ ги има уште: Мели, Шанли и Бирч.
33-годишниот српски кошаркар одигра шест натпревари во Евролигата и посебно имаше четири поени и 3.5 скокови за десет минути на теренот. Во турската лига има учинок од 10.1 поени, 4.9 скоквои, 1.6 асистенции и 0.4 блокади по натпревар.