Ретклиф вложи дополнителни 79 милиони фунти во Манчестер јунајтед

Милијардерот Џим Ретклиф пред неколку месеци стана ко-сопственик на Манчестер јунајтед, а сега вложи дополнителни 79 милиони фунти и го зголеми уделот во акциите.

Ретклиф има 28,94 отсто од акциите во моментов, откако претходно за 1,2 милијарди фунти купи 27 проценти од акциите на семејството Глејзер.

Премиерлигашот најави големи инвестиции во следниот период во инфраструктурата и тренинг-центарот, но ќе има и дополнителни средства за нови засилувања.