Мајнц со играч помалку подобар од Ајнтрахт, Сент Паули го изненади Штутгарт

Во денешните натпревари од Бундеслигата видовме изненадувачки порази на Штутгарт и Ајнтрахт, како и убедлив триумф на Холштен Кил против Аугусбург од 5:1 за кого ова беше само втор триумф во сезоната.

Сент Паули славеше ннад Штутгарт со минимални 0-1 и така го запиша првиот триумф против овој тим на гостински терен. Сент Паули можеше и до поубедлива победа бидејќи гостите промашија пенал во второто полувреме.

Ајнтрахт од друга страна на домашен терен беше поразен од Мајнц со 1-3. Гостите поведоа со бизарниот автогол на Сантош кој го лобуваше сопствениот голман, а потоа два гола победи Небел.

До победата Мајнц дојде иако во 21. минута остана со играч помалку по исклучувањето на Амири. Единствениот гол за домашниот тим беше дело на Кристенсен.

Бундеслига 15. коло:
Ајнтрахт - Мајнц 1-3
Хофенхајм - Менхегладбах 1-2
Холштен Кил - Аугусбург 5-1
Штутгарт - Сент Паули 0-1
Вердер - Унион Берлин 4-1