Скот со неверојатни 53 поени го потопи Пелистер во Битола

Пелистер доживеа нов пораз во АБА 2 лигата откако денеска на свој терен загуби од Подгорица со 74-93 и со скор од 1-5 го заврши настапот на последната позиција на табелата.

Неверојатна партија имаше Американецот во составот на Подгорица, Џошуа Мика Арон Скот кој постигна фантастични 53 поени. Ова е и рекорд во натпреварувањето. Покрај поените тој имаше и 6 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки.

Клучно за поразот на Пелистер беше второто полувреме кое го добија гостите од Црна Гора со 44-29 и на крајот славеа со 93-74.

Во составот на Пелистер најефикасен беше Бојиќ со 16 поени, Антоан реализираше 14, Мишковиќ 13.