Саудиска Арабија ќе се бори за титулата на - Северна и Средна Америка
Поканата доаѓа една недела откако оваа држава ја доби организацијата на Светското првенство во 2034 година и е во ситуација каква што беше Катар пред да биде домаќин на Мундијалот во 2022. Голд купот идната година ќе биде одржан во 14 градови во САД и Канада и ќе претставува генерална проба за Светското првенство во 2026 чии домаќини ќе бидат овие две држави, плус Мексико.
На шампионатот учествуваат 16 репрезентација, а ова не е првпат на него да учествува репрезентација која не припаѓа на КОНКАКАФ зоната. Бразил играше во 1996, 1998 и 2003, Колумбија во 2000, 2003 и 2005, Еквадор во 2002, Перу во 2000, Катар во 2021 и и 2023, Јужна Африка во 2005 и Јужна Кореја во 2000 и 2002 година.