Лесор врескаше од болка, цела сала беше во шок! (ВИДЕО)

Резултатот од натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија е во втор план, повредата на центарот на грчкиот тим, Матијас Лесор ја засени играта.

На почетокот од третата четвртина Лесор лошо доскокна, падна на паркетот и почна да вреска од болка. 

Кошаркарот лежеше некое време на теренот додека во салата завладеа молк од шокантната повреда. Сите гледаа во неверување, на крајот Лесор беше кренат по што тој сам на една нога отиде во соблекувалната.