Рашфорд и мечот со Тотнем ќе го гледа од дома, Гарначо се врати во составот!

По одлука на Рубен Аморим, Маркус Рашфорд втор натпревар по ред не е ниту на клупата на Манчестер јунајтед, за разлика од него Алехандро Гарначо се врати во составот.

Вечерва Манчестер јунајтед му гостува на Тотнем во меч од Лига Купот на Англија, Рашфорд и овој меч ќе го следи од дома.

По минатиот натпревар во кој беа изоставени Рашфорд и Гарначо, Аморим рече дека тие се надвор од составот затоа што не го давале максимумот на тренинзите.

Во меѓувреме Аморим го пофали Гарначо дека се поправил и одлично работел на тренинзите, па поради тоа и го врати во составот. Денешниот меч тој ќе го почне од клупата.

За Рашфорд изрази надеж дека ќе се врати, но не кажа дека и тој го променил односот и ги засукал ракавите.