Ниту Реал, ниту Баерн: Најбараниот Германец донел изненадувачка одлука!

Германецот Флоријан Вирц дефинитивно е еден од најбараните фудбалери во овој момент на пазарот, а според последните информации познато е и каде ќе ја продолжи кариерата.

Имено, според информациите на „Кикер“ Вирц се согласил да остане фудбалер на Лверкузен и наредната сезона.

Актуелниот договор на германскиот напаѓач истекува во 2027 година и се повеќе се зборуваше за негов голем трансфер во јануари или наредното лето, но како што стојат работите ќе го гледаме во дресот на Леверкузен барем уште една сезона.

Вирц наводно се договорил со шампионот на Германија да го продолжил договорот за уште една година со поголема плата и наскоро тоа би требало да биде официјализирано.

Со новиот договор Леверкузен ќе може полесно од заинтересираните клубови да извлече поголема сума, а вредноста на Вирц во овој момент се проценува на 130 милиони евра. Сезонава зад своето име Германецот има 11 голови и пет асистенции на 20 натпревари и Бундеслигата.

Во претходниот период со Вирц најчесто се поврзуваа Реал Мадрид и Баерн Минхен.