Аморим: Манчестер е црвен и секогаш ќе биде
Синоќа, во своето прво градско дерби на клупата на „црвените ѓаволи“, Аморим дојде до триумфот благодарение на пресвртот во последните минути откако речиси цел натпревар Јунајтед беше во подредена позиција. Победата не донесе прогрес на табелата за тимот од Олд Трафорд, но секако ќе има големо влијание за натамошниот дел од сезоната, а Португалецот ја искористи за да испрати моќна порака.
„Навистина е важно, но по ваккви натпревари треба да се сетиме на бурата од минатата недела. Губевме на домашен терен од Нотингем со 1-3 и тоа чувство го чувам за да не се занесам. Манчестер е црвен и секогаш ќе биде“, рече Аморим.
Во следното коло Јунајтед ќе го пречека Борнмут кој е едно од пријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона и се наоѓа на седмата позиција на табелата.