Лацио како фурија низ Амстердам за враќање на првото место, Динамо Киев испадна (ВИДЕО)

Екипата на Лацио ја забележа десеттата победа во последните 12 натпревари и се врати на првото место на табелата во Лигата Европа, еден ден откако таму застана Атлетик Билбао.

Римскиот тим славеше во дербито на шестото коло против Ајакс, совладувајќи го како гостин со 3-1. Чаума во првото полувреме го доведе Лацио во водство, но вистинската борба се водеше во вториот дел. Прво Траоре израмни, за потоа Деле Баширу и Педро да ги однесе „сините“ до петтиот триумф во шестото коло од Лигата Европа.

 

 

Со тоа Лацио стигна до вкупно 16 бода, пет повеќе од деветтопласираниот Тотенхем и за директен пласман во осминафиналето му е потребна една победа во последните два меча.

Исклучително значајна победа оствари Порто кој го победи Митјиланд со 2-0 и се искачи на 18. место на табелата. По ова коло е јасно дека Динамо Киев нема повеќе шанси за пласман во плејофот бидејќи украинскиот гигант е без бодови, додека 24-пласираниот Елфсборг собра 7.

РЕЗУЛТАТИ
Ајакс - Лацио 1-3
Бодо - Бешикташ 2-1
Елфсборг - Карабах 1-0
Лион - Ајнтрахт 3-2
Макаби - Стеауа 2-1
Порто - Митјиланд 2-0
Ренџерс - Тотенхем 1-1
Сосиедад - Динамо Киево 3-0
Славија - Андерлехт 1-2