Работнички го договори првото засилување – повратник по шестгодишна пауза!
Станува збор за искусен фудбалер, поранешен младински репрезентативец, кој се враќа во клубот од Дебар маало по шестгодишна пауза. Тодоров потпиша двегодишен договор со тимот од „Градски Парк“.
По својата прва етапа во Работнички, тој играше во Хрватска и БиХ, а по враќањето во Македонија настапуваше за Победа, ФК Скопје и Тиквеш.