Манчестер јунајтед на попуст го продава Рашфорд!

Манчестер јунајтед сака да го продаде Маркус Рашфорд и тоа за пониска цена отколку што претходно побаруваа за него.

Рашфорд многу долго време игра надвор од форма, постојано е во првиот тим и покрај тоа што има незначителен ефект.

Во клубот сметаат дека животниот стил на Англичанецот и проблемите надвор од теренот влијаат на неговите игри и тој повеќе не е толку многу фокусиран на фудбалот како претходно, па затоа и формата драстично му паднала.

Маркус Рашфорд има висока плата и неговиот трансфер може да ослободи значителни средства за инвестирање без притоа да се прекршат правилата за Финансиски фер плеј.

Како што пренесува денешното издание на „Дејли Мејл“, Манчестер јунајтед ја одредил цената на Маркус Рашфорд и ќе бара 40 милиони фунти за разделба со напаѓачот во зимскиот преоден рок.

Ова е голем попуст ако се знае дека „ѓаволите“ еден период го ценеа Англичанецот на 100 милиони фунти.