Во Звезда не се штеделе: Фудбалерите добиле богати премии за победата над Штутгарт
Раководството на Црвена Звезда за големата победа издовило награда од 65.000 евра за секој првотимец, додека оние кои биле на клупата добиле двојно помалку. Ќе потсетиме, секоја победа во Лигата на шампионите за клубот носи 2.1 милион евра.
Звезда во Лигата на шампионите има три бода и се наоѓа на 31. место во конкуренција на 36 клубови. Како што е познато првите осум клубови обезбедуваат осминафинале, додека клубовите од 9 до 24 место играат плеј-оф. Останатите испаѓаат.