Се појавија и првите прогнози кога би можел Антонио да се врати на теренот

Ѕвездата на Вест Хем, Мајкл Антонио е во болница по страшната сообраќајна несреќа, направена му е и операција на скршена нога.

Во англиските медиуми се појавија првите прогнози околу евентуалното враќање на Антонио на терените.

Според новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стеинберг, Антонио ќе биде во аут најмалку една година бидејќи му е направена операција на скршена нога.

Но, со оглед на штурите информации кои засега се добиваат преку соопштенија на клубот, не се исклучува можноста ова да е крај на неговата кариера.

Веројатно во наредниот период ќе се знае какви се повреди има Антонио и дали ќе може да му се врати на фудбалот за една година.