Браќата Леклер ќе испишат историја во Формула 1

Браќата Шарл и Артур Леклер ќе испишат историја в петок, 6 декември, во Формула 1 откако со болидите на Ферари ќе учествуваат на првиот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Абу Даби.

Тоа ќе биде првпат во историјата на „најбрзиот циркус“ да учествуваат браќа како тимски колега. Шарл е еден од најдобрите возачи во Ф1 во моментов, додека неговиот помлад брат е исто така дел од Скудерија.

Артур на првиот слободен тренинг ќе го замени Карлос Саинц, кој на крајот на сезоната го напушта Ферари.