Земјотрес во Партизан: Тренерот Милошевиќ неочекувано поднесе оставка!
И покрај стабилизацијата на тимот и одличниот учинок – шест победи и два нерешени резултати во осум натпревари – тој разочаран од односот се одлучил на ваков чекор. Милошевиќ веќе ги собрал своите лични работи од спортскиот центар во Земун, а официјалната потврда на неговата оставка се очекува по завршување на разговорите со челниците на клубот, кои го притискале за поголемо намалување на неговите примања.
Главниот проблем произлегува од одлуката на Привремената комисија која и предводи црно-белите, која бараше значително кратење на платите, како дел од мерките за финансиска стабилизација на клубот. Иако вработените во Партизан веќе прифатија намалувања од 10 до 40 проценти, Милошевиќ одбиваше да се откаже од повеќе од 10 проценти од својата заработка.
Клубот од Хумска се очекува наскоро да излезе со официјално соопштение за оваа ситуација, која дополнително го дестабилизира и онака веќе турбулентниот период за Партизан. Милошевиќ, кој го презеде клубот во еден од најтешките периоди, изјави дека не може да направи поголеми отстапки, особено со оглед на неговиот придонес за обновувањето на тимот и добрите резултати во последниот период.