Суперкомпјутерот го предвиде новиот шампион во Премиерлигата

Манчестер сити по сè изгледа дека ќе му го препушти тронот на друг тим затоа што во моментов има дури 11 бодови помалку од лидерот Ливерпул во Премиерлигата, а на такво нешто покажуваат и бројките на Суперкомпјутерот на „Казино Хокс“.

Суперкомпјутерот покажа дека Ливерпул ќе ја прекине доминацијата на „граѓаните“ и ќе ја освои титулата во англискиот шампионат, додека второто место ќе биде резервирано за Арсенал.

Место во топ-4 ќе има и за гигантите Манчестер сити и Челси, додека Манчестер јунајтед се очекува да заврши дури на деветтата позиција на табелата.