Ристовски на удар на навивачите на Хајдук поради изјава од минатата недела
Така екипата на Џенаро Гатузо си направи седум бода предност на врвот на табелата во однос на Динамо, додека второпласирана Ријека има три повеќе од тимот на Ристовски и Адеми.
Со вчерашниот пораз се заокружи лошата недела за гигантот од Загреб кој загуби и во Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд со 3-0. По ваквите резултати мета на противничките навивачи беше нашиот Стефан Ристовски.
Имено, Ристовски на прес-конференцијата пред натпреварот со Борусија Дортмунд самоуверено изјави дека Динамо ќе победи во двата натпревари, но место тоа неговиот тим не постигна ниту гол.
Поради тоа таа изјаваа на Ристовски навивачите ја објавуваат на социјалните мрежи со саркастични коментари на сметка на македонскиот фудбалер.