Ниту глупоста на Геј не беше доволна, очајниот Јунајтед загуби и со играч повеќе! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вечерва приредија ново разочарување на своите навивачи откако на „Олд Трафорд“ беа поразени од Евертон со 1-0.

Дуелот во Манчестер започна со шокантна сцена во 13. минута кога фудбалерот на Евертон, Идриза Гана Геј удри шлаканица на неговиот соиграч Мајкл Кин, а судијата му покажа директен црвен картон.

Сепак, ниту тоа не беше доволно избраниците на Аморим да дојдат барем до бод. Друзбери Хол блесна по половина час игра и со еден прекрасен гол донесе водство. Тој гол на крајот се покажа и како клучен.

Јунајтед притисна, посебно во второто полувреме кога во завршницата Пикфорд имаше две одлични интервенции со што го спаси својот гол.

За Јунајтед ова е трет натпревар на кој остануваат без победа откако во претходните две кола ремизираа со идентични 2-2 против Нотингем и Тотнем. Евертон од друга страна по триумфот над Фулам врза две победи без примен гол.

Фото: EPA