Сасуоло во 95. минута ја спречи Пиза да врзе две победи во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Пиза беше на чекор да врзе две победи во низа во Серија А, но Сасуоло се извлече и во 95. минута дојде до бод (2-2).

Последниот натпревар во рамките од 12. коло во Серија А започна возбудливо и во првите шест минути видовме дури два гола. Прво одбраната на Сасуоло направи пенал кој во гол го претвори Нзола во четвртата минута  а само две минути подоцна на сцена стапи Немања Матиќ.

Српскиот фудбалер го посигна првенецот за Сасуоло и тоа беше гол со еден фантатичен волеј удар.

Иако дуелот имаше фуриозен почеток, темпото на игра потоа опадна, па за нов гол се чекаше до звршницата. Се играше 81. минута кога Меистер постигна гол за 2-1, а кога се мислеше дека бодовите одат во Пиза, Торствед погоди за реми.