Каков кикс на Хајдук: Модриќ им дошол на проба, а тие го избркале - не бил доволно добар!
Можеби од денешна гледна точка е чудно, но тогаш во Хајдук одлучиле да не го доведат Модриќ затоа што сметале дека е прерано, па Лука бил принуден да се врати во Задар.
„Во Далмација повеќе или помалку сите навиваат за Хајдук, па така и јас и татко ми посебно. Се отвори можност да одам во Хајдук на подготовки, да се преселам и да играм за Хајдук. Татко ми одлучи да одиме без знаење на Задар и покојниот Томислав Башиќ.
Отидов таму со денешниот кум, бевме околу две недели. Имавме натпревари, тренинзи и луѓето во Хајдук одлучија дека е прерано да ме доведат и дека не сум на тоа ниво. Доста често игравме натпревари Задар–Хајдук, Задар–Шибеник и знаевме да победиме многу пати. Имавме добра генерација, јас си мислев дека сум подготвен, но во Хајдук одлучија поинаку“, раскажа Модриќ.
Но, освен што не ја поминал пробата, Модриќ си направил проблем и во Хајдук каде што му се налутиле, па цели три месеци не тренирал со тимот.
„Не знам дали тоа беше поради притисокот од Задар. Томислав Башиќ имаше влијание. Се налути на татко ми затоа што ме однел без негово знаење. Нормално дека бев разочаран, затоа што се враќам во Задар,
Очекував дека ќе продолжам да тренирам како ништо да не било. Меѓутоа, Башиќ му кажал на татко ми: „Ако тој не е доволно добар за Хајдук, не е ни за нас.“ Три месеци не можев да тренирам. Одвреме-навреме одев на некои посебни вежби, на некои шипки, за да се издолжам неколку сантиметри. Не знам дали тоа помогна. Но три месеци не можев да тренирам, замислете како беше тоа“, откри Модриќ.
За среќа на Модриќ, тоа што не го препознаа во Хајдук, го препознаа во Динамо кој го доведе во 2002 година прво младинските категории, но набрзо му даде шанса и во сениорскиот тим. Подоцна преку Зрињски и Интер Запрешиќ стигна до Тотнем и Реал Мадрид каде што ги помина најдобрите денови, денес го носи дресот на Милан.