Комити: Бараме против Тиквеш да се игра со публика и тоа под рефлектори!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека дуелот меѓу Вардар и Тиквеш ќе биде одигран на 3 декември без присуство на публика на Националната Арена „Тодор Проески“, а тоа предизвика револт кај најверната навивачка група на скопскиот тим.

„Комити“ со соопштение преку социјалните мрежи побараа да се поништи одлуката и натпреварот да се одигра со присуство на публика, а притоа апелираа до управата на Вардар да го прифати нивното барање за мечот да биде одигран во вечерен термин.

„Бараме поништување на одлуката со која натпреварите ќе се одиграат во вторник(03.12.2024) и повторно одигрување на истите, наредната недела со присуство на публика. Покрај тоа, апелираме до Управата на ФК Вардар, веднаш да се одважи и да го прифати нашето уредно поднесено барање, натпреварот против ГФК Тиквеш, да биде одигран во вечерен термин“, побараа „Комити“.