Вардар го прегази Бисинов и го презема врвот во Суперлигата

Поранешниот европски и македонски шампион Вардар славеше на гостувањето кај Бисинов со високи 41-29 и го презема врвот во ракометната Суперлига.

Вардар се соочи со проблеми само на почетокот на средбата, кога Бисинов имаше предност од 9-7, но потоа скопскиот тим влезе во одличен ритам и на полувреме замина со водство од 21-17.

„Црвено-црните“ продолжија да го полнат голот на Бисинов во вториот дел, па предноста во еден момент достигна и +14 (40-26), но домаќинот до крајот намали на 29-41. Најефикасен кај Бисинов беше Илиев со шест голови, додека Мигуел Пинто постигна седум погодоци за Вардар.

Вардар со новата победа скокна до првото место на табелата и има 24 бодови, односно два повеќе од Пелистер и Алкалоид.

Охрид, исто така, вечерва запиша победа во дуелот против Бутел со 33-28, додека Прилеп славеше со 32-31 против Куманово.