„Македонката“ Халеп по новиот допинг-скандал: Направија сè за да ме уништат!

Романската тенисерка, Симона Халеп, која самата вели дека има македонско потекло, реагираше поради тоа што Јаник Синер и Ига Швјонтек беа ослободени за позитивните допинг-тестови.

Синер доби минимална суспензија, иако двапати во март бил позитивен на клостебол, додека Швјонтек во август била позитивна на триметазидин.

Швјонтек доби суспензија од еден месец, по што реагираше Халеп која исто така падна на допинг-тест, но загуби две години од кариерата.

„Седам и се обидувам да разберам, но навистина не можам. Зошто е толку голема разликата во третманот на различни спортисти? Не можам да најдам логичен одговор. Тоа може само да биде лош потек на организацијата за заштита на интегритетот на тенисот, која направи сè за да ме уништи. Сакаше да ми ги земе последните години од кариерата, изгубив две години и многу ноќи во кои не можев да спијам“, кажа Халеп.