Ѓорческа прокоцка меч-топка, па испадна од турнирот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана во четвртфиналето на турнирот во Селва Гардена, Италија, откако загуби со 1-2 во сетови против Американката Тира Катерина Грант.

Ѓорческа доминираше во првиот сет и ги искористи сите грешки на противнички сервис за да го освои сетот со убедливи 6-1.

Американката имаше лош почеток и на вториот сет, односно Ѓорческа поведе со 3-1, но набрзо Грант се врати во игра и потоа во тај-брејк ја совлада Македонката со 7-5.

Македонската тенисерка со два брејка на противнички сервис го отвори третиот сет (3-0), но Грант возврати со иста мера и потоа поведе со 4-3. Големата борба продолжи и во следните гемови, а повторно во тај-брејк славеше Грант, но овој пат со 7-1.