Двајца ракометари на Загреб се степале во соблекувална - клубот ги суспендираше!

РК Загреб потврди дека ракометарите Милош Кос и Звонимир Срна се степале по натпреварот од Лигата на шампионите против Нант, клубот и на двајцата им изрече суспензија.

Срамниот инцидент се случил по вчерашниот меч од ЛШ меѓу Загреб и Нант. Во соблекувалната на домаќините физички се пресметале соиграчите Кос и Срна.

„Сакаме да ве известиме дека дисциплинската комписија при ракометниот клуб Загреб донесе одлука за привремена суспензија на ракометарите Милош Кос и Звонимир Срна поради физичка пресметка која ја предизвика Кос по вчерашниот натпревар против Нант во Арена Загреб. Привремената суспензија ќе остане на сила до завршување на постапката која ќе ја води дисциплинската комисија. Ракометниот клуб Загреб нема да толерира било какво непрофесионално однесување и во потполност ќе соработува со дициплинската комисија со цел ситуацијата побрзо да се расчисти. Клубот правовремено ќе ја информира јавноста со повеќе информации кога ќе се утврдат сите факти“, се вели во соопштението на РК Загреб.