Срамно: Чаир 2030 за сеалбанскиот турнир во Скопје си донел дури и - судии од Косово!
Ова не само што не беше сокриено или направено во илегала, туку чаирчани гордо си објавуваа фотографии од судиите од соседно Косово, кои дури и според Светската кошаркарска федерација (ФИБА) нема што да бараат да работат на туѓа територија. Едноставно, со тоа е нарушен интегритетот на македонската Куќа на кошарката и на македонските судии, но и на актите кои предвидуваат дека секој кошаркарски натпревар што ќе се одигра во нашата држава мора да биде пријавен во матичната федерација. Комесарот за натпреварување потоа врши делегирање на судии и на делегат, а домаќинот потоа ги има сите обврски како да станува збор за официјална средба.
Пример за ова е средбата помеѓу ТФТ и Чаир 2030 одиграна пред почетокот на сезоната, која беше прекината поради општа тепачка по што имаше реакција од КФМ и казни за актерите, без разлика што стануваше број за пријателски дуел. Овие две екипи потоа најдоа „дупка“ во законите на КФМ, па казните ги „одлежаа“ повторно преку контролни пресметки, кои уредно беа пријавено кај комесарот Александар Милојевиќ. Овој пат, чаирчани решија сеалбанската прослава да ја зачинат со косовски судии, кои се вклопија во декорот во кој доминираа албански знамиња (види ТУКА), но и тие на Ослободителната војска на Косово (УЧК), која за многумина во светот е терористичка организација.
Сега на потег КФМ, која итно мора да реагира и да го казни Чаир 2030 за игнорирањето и ангажирањето странски судии за натпревари одиграни во Македонија. Меѓу другото, ова е предвидено и во член 90 од Дисциплинскиот правилник во кој пишува дека ќе се казни секој клуб кој ќе одигра натпревари на територија на Македонија без одобрение на нашата Куќа на кошарката.