Леброн го најде еликсирот на младоста - шести трипл дабл сезонава (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс им се врати на победите по трите порази во низа откако славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 119-101.

Тимот од Калифорнија беше доминантен безмалку цел меч, го презеде водството кон средината на првата четвртина и до крајот на натпреварот речиси постојано предноста беше двоцифрена. Сан Антонио не успеа да најде противигра и ритам, имаше повремени блесоци, но недоволно да се оствари победа.

Иако не беше најефикасен на мечот, Леброн Џејмс дојде до својот шести трипл дабл сезонава, постигнувајќи 16 поени, 11 асистенции и 10 скока. Со тоа веќе го надмина ефектот од минатата сезона кога станува збор за оваа статистичка категорија, а интересно е тоа што и покрај фактот што идниот месец ќе наполни 40 години, оваа сезона е на второто место во НБА по бројот на трипл дабл натпревари, со само еден помалку од рекордерот Никола Јокиќ.

Покрај него, се истакна дебитантот Нект со 20 поени, како и Ентони Дејвис со 19 поени, 14 скока и 7 асистенции. Виктор Вембанјама беше најдобар кај Сан Антонио со 20 поени и 10 скока.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Мајами 94-98
Кливленд - Атланта 124-135
Индијана - Портланд 121-114
Орландо - Чикаго 133-119
Филаделфија - Хјустон 115-122
Вашингтон - ЛА Клиперс 96-121
Далас - Њујорк 129-114
Мемфис - Детроит 131-111
Минесота - Сакраменто 104-115
Њу Орлеанс - Торонто 93-119
Сан Антонио - ЛА Лејкерс 101-119
Феникс - Бруклин 117-127
Јута - Денвер 103-122
Голден Стејт - Оклахома 101-105