Вчерашниот ден најефикасен во историјата на Лигата на шампионите
Тоа е просек од 4,4 по натпревар што е најмногу од кој било ден досега кога се играле дуели од елитното кошаркарско натпреварување. На шест меча беа постигнати по пет или повеќе голови, на три имаше 6+, а просекот го расипаа само дуелите во Минхен и Милано каде Баерн и Интер со по 1-0 ги совладаа ПСЖ и Лајпциг.
Со ова продолжува трендот на ефикасност во Лигата на шампионите во првата сезона во која се игра по променет формат. Статистиката вели дека дури 21% од натпреварите завршиле со по четири или повеќе голови, а на 33% од нив имало 3+.