Серија А го казнува судијата кој не го исклучи Лукаку!

Според „Газета дело Спорт“, судијата Давиде Маса ќе биде казнет за неговите перформанси на дербито меѓу Наполи и Рома.

Наполи го доби мечот со 1-0 со гол на Ромелу Лукаку, а пред да биде постигнат единствениот погодок според многумина напаѓачот на домаќините заслужи да биде исклучен.

Судијата Маса не му покажа ниту еден жолт картон на Лукаку кој заслужи два и требаше да биде исклучен пред да го даде голот.

Поради ова, Маса ќе добие казна од Серија А, во наредното коло тој или ќе биде ставен како четврти судија или воопшто нема да суди.