Димитриевски со „чиста мрежа“, Валенсија ја елиминира Парла од Купот

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше стартер во победата на Валенсија од 1-0 против Парлам во второто коло од шпанскиот Куп.

Валенсија постигна само еден гол на натпреварот, и тоа преку Пепелу во 20. минута, додека Димитриевски успешно ја зачува мрежата против нисколигашот.

Пласман во следното коло обезбеди и Хетафе, кој славеше со 3-0 против Манисес.