Газда на премиерлигаш обвинет за поттикнување насилство!

Грчкиот суд го обвини претседателот на Олимпијакос и Нотингем Форест, Евангелос Маринакис за поттикнување на насилство на спортски натпревари.

Маринакис наводно давал поддршка на организација поврзана со навивачите на Олимпијакос за поттикнување на насилство на спорски дуели, а оваа реакција доаѓа по ветувањата дека ќе се намалат инцидентите во грчкиот шампионат.

Спортот во Грција во изминатите години го одбележаа голем број насилни инциденти на теренот, но и надвор од него, па поради тоа властите ветија дека ќе го елиминираат хулиганството.