Парондо се враќа во Скопје, Вардар против Мелсунген ја завршува сезоната во Европа

Вечерва ракометарите на Вардар на домашен терен го играат последниот европски натпревар натпревар сезонава.

„Црвено-црните“ веќе ги загубија шансите за пласман во осминафиналето, па овој натпревар и нема некое големо резултатско значење бидејќи Мелсунген предводен од Парондо е сигурен на првата позиција со пет бода повеќе од Порто.

Во досегашните пет натпревари во групната фаза од Лигата на Европа Вардар оствари само една победа и тоа против Валур во првото коло во Скопје. Потоа ракометарите на поранешниот европски шампион врзаа три порази, два од Порто и еден од денешниот противник, додека во минатото коло ремизираа со Валур на гости.

Денешниот натпревар помеѓу Вардар и Мелсунген се игра во терминот од 20:45 часот.