Лоша вест за Артета и Арсенал: Реал Мадрид нема да дозволи нов случај „Одегард“

Иако нема сериозна минутажа, Реал Мадрид не сака да се откаже од услугите на Арда Ѓулер.

Турскиот фудбалер се поврзува со заминување од Мадрид, но италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо објави дека гигантот од Мадрид ги одбил сите понуди кои пристигнале за Ѓулер.

Во редовите на Реал Мадрид, Ѓулер пристигна летото 2023 година за 20 милиони евра и од тој момент не се изнаигра, а сезонава настапи на 13 натпревари и во главно добива шанса од клупата за резерви. Од почетокот на сезоната Ѓулер на теренот помина само 382 минути.

Сепак, тој има само 19 години и во клубот веруваат дека пред него е светла иднина. Претходно, Ѓулер се поврзуваше со Арсенал кој наводно сакал да го доведе по ист принцип како и Мартин Одегард, но шансите за такво нешто се минимални.

Исто така се наведува и дека Ѓулер е среќен во Мадрид.