Поранешниот освојувач на Ју-Ес Опен: Не сум трчал пет години, се надевам некогаш ќе живеам без болки

Поранешниот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро на друштвените мрежи објави видео во кое зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа, но и го најави егзибициониот меч со Новак Ѓоковиќ кој е закажан за в недела.

Дел Потро некогаш беше трет тенисер во светот и го освои Ју-Ес Опен, но поради повредите не го исполни својот потенцијал. Сега ја отвори душата и зборуваше низ што се поминува.

„Не сум трчал од кога имав 31 година (сега има 36), не можам да шутнам топка, никогаш повторно не играв тенис како што треба. Станувам и веднаш пијам помеѓу шест и осум таблети против болки и уште едно за анексиозност. Се надевам дека еден ден сето ова ќе заврши и ќе живеам без болки“, изјави Аргентинецот.

И покрај големите проблеми Дел Потро е спремен да го одигра мечот против Ѓоковиќ.

„Започнав диета, вредно тренирам. Сакам да бидам во најдобра форма за тој меч, тоа е мое збогување со тенисот“, порача Дел Потро. Уште еднаш се заблагодари на Ѓоковиќ за се што направил за него.

„Ѓоковиќ беше многу великодушен и го прифати мојот повик. Сакам да му ја пружам секоја можна љубов. Ако барем еден час, два или три можам да бидам среќен и мирен на тенискиот терен ќе биде одлично“, додаде Дел Потро.

Кариерата Аргентинецот ја заврши во 2022 година, а мечот против Ѓоковиќ в недела ќе го одигра во Буенос Аирес.