Хаос во Црна Гора: Навивачи со стаклени шишиња нападнаа ракометари (ВИДЕО)

Вистински хаос се случи на мечот меѓу Ловќен и Беране во црногорскиот шампионат, откако навивачи испратија погрдни зборови од трибините, а потоа скандираа „Косово е Србија“ и на крајот гаѓаа дел од ракометарите со стаклени шишиња.

Според црногорските медиуми, дел од навивачите влегле и на теренот и сакале да се пресметаат со гостинските играчи, па поради тоа мечот морал да биде привремено прекинат.