Роналдо ќе продолжи во Ал-Наср, ќе игра за дневница од 555.555 евра!
Актуелниот договор на Роналдо истекуваше по крајот на оваа сезона, па беше неизвесно каде ќе продолжи.
Роналдо се договорил со Ал-Наср за продолжување на соработката до јуни 2026 година. Тој ќе продолжи да заработува 200 милиони евра годишно, а тоа е 16,67 милиони евра месечно, 3,88 милиони евра неделно, а дневно сумата е 555.555 евра.
Ваквата сума е само на име на плати, таа би можела да биде поголема со дополнителни бонуси за потпишување на договорот и приходи од маркетинг активности и авторски права.
Ал-Наср се обврзал и да го засили тимот со цел да биде конкурентен за титулата во лигата на Саудиска Арабија каде доминира Ал-Итихад.