Барселона донесе одлука за иднината на Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, а каталонскиот гигант донесе конечна одлука за неговата иднина.

Левандовски има 36 години, а на крајот на сезоната му завршува договорот со Барселона, но управата на тимот решила да му ја продолжи соработката.

Каталонските медиуми пишуваат дека на Барселона не ѝ е потребен нов напаѓач, па поради тоа ќе му ја продолжат соработката на Левандовски до јуни 2026 година.

Левандовски по доаѓањето во Барселона од Баерн Минхен постигна 79 погодоци.