Гвардиола: Бајки не постојат, ниту во споротот, ниту во животот

Фудбалерите на Манчестер сити се во серија од три порази во низа во Премиер лигата и пет кога во прашање се сите натпреварувања.

Тотнем вчера ги декласираше на гостински терен со убедливи 0-4, а тренерот Пеп Гвардиола верува дека може да се издигнат над кризата.

 „Добро тргнавме и создадовме неколку шаннси, а тие постигнаа гол по првиот налет. По тоа беше тешко да се вратиме во натпреварот. Бајки во спортот како и во животот не постојат и понекогаш мора да поминете и низ вакви ситуации. Мора да ги прифатиме работите и да работиме, не смееме да се обвинуваме“, изјави Гвардиола.

Го прашаа новинарите и дали можеби поради кризата размислува на отказ.

„Нема да побегнам. Мораме да ги кренеме главите, не постои тим коој може да држи врвно ниво и да реди успеси цело време. Нормалено е некогаш нешто да не оди. Тука сме да го анализираме проблемот и да пронајдеме решение“, изјави Гвардиола.

На табелата по 12 одиграни кола Манчестер сити има пет бода помалку од Ливерпул, но „црвените“ денеска г одиграат натпреварот од ова коло и имаат можност да ја зголемат предноста.